Top Sport

Мекени си замина од Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри денеска потврди дека Вестон Мекени е на чекор од преселба во Премиер лигата.

Јувентус и во летниот преоден рок се обидувапе да го продаде Американецот, на крајот тој остана во клубот. Лидс и тогаш покажа сериозен интерес за Мекени.

„Мекени доби дозвола од клубот да го реши неговиот трансфер. Клубот ја прифати понудата и се очекува тој наскоро да замине, па нема да сметаме на него во недела“, изјави Алегри.

Англискиот клуб првично ќе го позајми Мекени до крајот на сезоната, со потенцијален откуп на договорот за 33.000.000 евра.

Американецот веќе ги договорил условите за договорот кој е со важност до 2027 година и се очекува викендов да потпише за Лидс.

Scroll to Top