Top Sport

Мекилрој: Ферги е многу подобро, но уште е во болница

Ирскиот голфер Рори Мекилрој потврди дека легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон е „многу подобро“, но дека уште е во болница.

76-годишниот Шкотланѓанец доби мозочен удар овој месец и веднаш беше на итна операција, која помина добро и по која е потребна интензивна нега за поранешниот тренер. Мекилрој, кој е голем навивач на Манчестер јунајтед и личен пријател со Фергусон вели дека ситуацијата е ветувачка.

„Тој е многу подобро од претходно. Останува во болница бидејќи постојано треба да се тестира. Неговите најблиски беа позитивни. Пол Сколс ми посочи дека тој сигурно веќе почнал да им кажува на лекарите што да прават“, вели Мекилрој.

Шкотскиот селектор, Алекс Меклиш исто така откри дека Фергусон постојано кажува шеги од болничкиот кревет.

„Неговите деца постојано се во контакт со мене и неговиот син Марк ми кажува што прави во болницата. Типично“, изјави Меклиш.

Scroll to Top