Top Sport

Дали Американците ќе го „спасуваат“ Милан?

Италијанските медиуми продолжуваат да коментираат околу состојбата на гигантот Милан и можносто сопственикот на НФЛ тимот на Мајами долфинс, Стивен Рос да го преземе клубот од кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли, доколку тој не ги врати долговите.

Ли позајми 180 милиони евра од американската фондација „Елиот менаџмент“ за да се комплетира неговото преземање на клубот од Силвио Берлускони, а клубот должи уште 128 милиони евра.

Долговите мораат да бидат платени до октомври, и клубот бара рефинансирање, додека во исто време УЕФА го отфрли предлогот на клубот околу финансискиот фер-плеј и наскоро ќе има инспекција во клубот.

Ако Ли него плати долгот, Елиот може да го преземе клубот и да го продаде на заинтересирани странки да ги врати долговите. Според весникот „Милано финанца“,  Милан би вредел околу 400-500 милиони евра, привлечна сума за клуб со таква традиција и толку голема база на навивачи.

Групацијата е предводна од Стивен Рос со помош на банката „Голдман Сакс“. Рос има 95 отсто од НФЛ клубот Долфинс, и има богатство од околу 12 милијарди долари.

Милан и официјално ги прекрши финансиските правила на УЕФА

Scroll to Top