Американската ѕвезда на Јуветнтус, Вестон Меккени објасни дека првата средба со Кристијано Роналдо била „многу чудна“, бидејќи Португалецот бил облечене само по гаќи. 22-годишниот Меккени одел на медицински тестови во Торино, кога се сретнал со Роналдо, и признава дека едвај останал смирен.
„Првпат го видов Роналдо кога одев кај физиотерапевтот и тој излезе облечен само во гаќи. Си помислив: ‘Боже, тоа е навистина тој!’ Се обидов да се однесувам нормално, а не како некој навивач, бидејќи сепак, тој ми беше колега“, вели Меккени.
Американецот дојде на позајмица од Шалке минатата година, пред оваа сезона да добие постојан договор со Јувентус.