Top Sport

Солиден настап на Јада, златото му припадна на „Супер Дарио“ (видео)

Ставре Јада го освои 99.место во крос-кантри трката на 15 километри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Златото на оваа трка му припадна на Швајцарецот Дарио Колоња, кој стана првиот крос-кантри скијач кој освоил три златни медали во оваа дисциплина. „Супер Дарио“ беше најдобар пред четири години во Сочи и пред осум години во Ванкувер.

Македонскиот репрезентативец Јада малку го поправи впечатокот во својот вто настап на ЗОИ во Пјонгчанг. Откако во спринтот на 1,4 километри беше последен од оние кои стигнаа на целта, во трката на 15 километри тој заврши на 99.место.

Траката ја стратуваа 119 скијачи, а на целта пристигнаа 114. Јада оствари време 42:14.4 минути што му беше доволно за 99. позиција.

Македонецот зад победникот Колоња задоцни за 8:30.3 минути.

Швајцарецот Колоња кој влегува во историјата на ЗОИ за најсјаното одличје истрача време од 33:49.3 минути. резултатот кој го постигна Швајцарецот за 18 секунди беше подобар од оној кој го постигна второпласираниот Симен Хегстад Кругер од Норвешка.

Кругер го освои вториот медал во Пјонгчанг, откако претходно победи во скијатлон и воедно на Норвешка и го донесе првиот медал во оваа дисциплина по пауза од 16 години.

Бронзениот медал го освои Денис Спитов (34:06.9 минути) од Русија.

Scroll to Top