Top Sport

Мекманаман: Зидан може да се приклучи на Роналдо во Јуве

Зинедин Зидан може да реши да се врати во својот стар клуб Јувентус во блиска иднина за повторно да работи со Кристијано Роналдо, вели поранешниот соиграч на Французинот, Стив Мекманаман.

Легендарниот Французин по вторпат доби шанса да биде на чело на Реал Мадрид, откако во првиот „обид“ освои три титули од Лигата на шампионите во низа, а оваа сезона неговиот тим е на првото место на табелата во Шпанија.

Англичанецот Мекманаман, пак, смета дека Зидан веќе еднаш заминал од Реал и не е невозможно тоа да се случи повторно, со Јувентус, Баерн Минхен и ПСЖ како главни кандидати.

„Тоа би било голем удар за ’Лос бланкос’, дефинитивно. Тој повторно ја сврти формата на тимот оваа година, враќајќи се на докажаната формација Крос-Касемиро-Модриќ и тоа покажа резултати. Но, и во минатото си замина одеднаш, така што претпоставувам дека му беа ветени некои работи кога се врати. Ако тие ветувања се прекршат, тој нема да се двоуми. Зизу е човек со силна волја и нема време за идиоти. Ќе биде интересно бидејќи неговите нови засилувања не играат многу. Лука Јовиќ не игра, тука е Карим Бензема, истото е и со Еден Азар. Јувентус имаат најсилна врска со него – играше таму, зборува италијански и е херој таму. Но, со неговата репутација тој може да бира. Ако сака во ПСЖ, ако сака во Баерн“, вели Мекманаман.

Scroll to Top