Top Sport

Мексиканците најдоа Кореец пред стадионот! (видео)

Ретко кога можеш да славиш, а во исто време твојата репрезентација да загуби со високи 3:0. Тоа беше случајот со Мексиканците, кои благодарение на 2:0 победата на Јужна Кореја над Германија одат понатаму и покрај фијаското против Шведска.

Тука на сцена доаѓа еден Кореец кого навивачите на „Ел три“ го „начекаа“ пред стадионот во Екатеринбург и нормално го кренаа на раце да ја прослават победата по која Јужна Кореја горда си заминува дома.

Реакциите на мексиканските фанови по првиот гол на Кореја исто така се легендарни.

Scroll to Top