Top Sport

Мексиканците решија – нема испаѓање во наредните пет години

Мексиканците донесоа одлука да нема испаѓање од Првата и Втората лига во наредните пет години. Оваа одлука ја соопшти првиот човек на Лигата Енрике Бонилја, во своето прво обраќање до јавноста откако а 20 март имал позитивен тест на коронавирусот.

Бонилја појаснил дека одлуката е донесена за да бидат финансиски заштите и клубовите кои трпат штети од пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19.

Втората лига на Мексико заврпи без да биде прогласен шампионот, додека се уште не е донесена одлуката за Првата лига. Бонилја појаснил дека ги чекаат препораките од министерството за здравство.

Одлуката подразбира дека нема да има испаѓање од Првата и Втората лига, но во исто време ниту еден клуб од Втората лига нема да може да се пласира во најквалитетната лига во Мексико.

Scroll to Top