Top Sport

Мексиканката Оваље најскапа фудбалерка во историјата

Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал.

Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува „Би-би-си“. Оваље потпиша двегодишен договор со Орландо Прајд.

Мексиканката има 25 години, го носеше дресот на Тигрес осум сезони и освои пет титули во мексиканскиот шампионат.

Таа е позната и по прекарот „Ла Мага“ (Магионичарка).

Игра како лево крило и го напушта Монтереј како најдобар стрелец на Тигрес со 136 гола и 103 асистенции во 294 натпревари.

Оваљњ има одиграно 64 натпревари за мексиканската репрезентација на кои постигнала 22 гола.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top