Top Sport

Мексико за полувреме ја растури Франција

Мексико со 4:1 ја декласира Франција, во А-групата, на Олимписките игри во Токио. Мексиканците головите ги постигнаа во второто полувреме.

Откако првото полувреме заврши без голови, на почетокот од вториот дел, Алексис Вега го постигна првиот гол за Мексико. Девет минути подоцна Себастијан Кородоба погоди за 2:0.

Франција успеа да намали преку Андре-Пјер Жињак во 69.минута. Напаѓачот кој долго време игра во Мексико, постигна гол од пенал.

Во последните десет минути, Мексиканците постигнаа уште два гола, во 80.минута преку Уриел Антуна и во 90.минута преку Едуардо Агире.

Во А-групата, покрај Мексико и Франција се наоѓаат Јапонија и Јужна Африка.

Scroll to Top