Top Sport

Мектоминеј и Шкотска ја шокираа Шпанија, Хрватска со голема победа кај Турција

Скот Мектоминеј продолжува да биде неверојатниот „џокер“ на Шкотска, откако постигна два гола за неверојатна 2:0 победа над Шпанија, прва победа на Шкотланѓаните над „фуријата“ од 1984 година. Во Бурса, пак, Хрватска се врати по разочарувачкото 1:1 реми со Велс со голема 2:0 победа над Турција.

Мектоминеј, кој постигна два гола во првиот квалификациски меч за ЕУРО 2024 против Кипар, уште во седмата минута доби одлична топка од Енди Робертсон за да го изненади Кепа Аризабалага на голот. Иако потоа, тимот на Луис де ла Фуенте се обиде да доминира во мечот и иако имаше над 60 отсто од поседот, шансите пред шкотскиот гол не беа многубројни. Наместо тоа, во 51. минута, Мектоминеј постигна уште еден гол за славна победа.

Додека за Шкотите клучен беше Мектоминеј, за „коцкестите“ тоа беше дуото Марио Пашалиќ-Матео Ковачиќ. Пашалиќ му асистираше на Ковачиќ во 20. минута за првиот гол, за вториот Ковачиќ да го постигне во судиското продолжение од првото полувреме по обидот на Пашалиќ. Со ова Хрватите се на врвот на групата Д со 4 поени, колку што имаат и Велс, кои со голот на Кифер Мур со 1:0 ја совладаа Летонија

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Шкотска – Шпанија 2:0
ГРУПА Д
Турција – Хрватска 0:2
Велс – Летонија 1:0
ГРУПА И
Косово – Андора 1:1
Романија – Белорусија 2:1
Швајцарија – Израел 3:0

Scroll to Top