Менаџерот на Саутемптон, Ралф Хасенхитл, не го криеше разочарувањето по поразот од Манчестер јунајтед (0:1). Германецот е уверен дека неговиот тим е оштетен за пенал. Неколку минути по голот на Бурно Фернадеш, играњето со рака на мектоминеј пред својот гол не беше окарактеризирано како пенал.
„Тој играше со рака не еднаш – туку три пати! Ако не беше пенал, тогаш навистина не знам што да кажам?“, изјави Хасенхитл.
Саутемптон е домаќин и во следното коло, на „Сент Мери“ ќе гостува Челси.