Top Sport

Мелбурн подготвува спектакл – Бразил против Аргентина

Фудбалските репрезентации на Бразил и Аргентина ќе одиграат пријателски натпревар на 11. јуни во Мелбурн, соопшти денеска министерот за спорт во владата на сојузната држава Викторија.

Натпреварот ќе се игра пет месеци пред почетокот на Светското првенство во Катар.

„Ни кажаа дека ова е важен натпревар за нив пред Мундијалот и се очекува двете селекции да ги испратат најдобрите фудбалери“, изјави министерот за спорт на државата Викторија, Мартин Пакула.

Двете селекции веќе се сретнаа на стадионот „Мелбурн Крикет Граунд“ во 2017 година, кога Аргентина го доби пријателскиот натпревар со 1:0.

Бразил е лидер на ранг листата на ФИФА, а на Мундијалот ќе игра во Г-групата со Србија, Швајцарија и Камерун, додека Аргентина во Ц-групата заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Scroll to Top