Top Sport

Мело за Де Бур: Никој не можеше да го поднесе

Поранешниот фудбалер на Интер, Фелипе Мело (42), жестоко го нападна својот поранешен тренер Франк де Бур (55).Бразилецот рече дека „никогаш не го разбирал фдбалот“ и дека „никој во соблекувалната не можел да го поднесе“.

Де Бур го презеде Интер во сезоната 2016/17, но беше отпуштен по само 14 натпревари. Мело одигра само четири натпревари под негово водство и, како што вели, има лоши спомени од тој период.

„Тој никогаш ништо не разбирал за фудбалот. Тој едноставно не е способен“, изјави Мело во интервју за „Газета дело Спорт“.

„Тој дури зборуваше лошо за Габигол, нарекувајќи го Габи-без гол. Тој не знаеше италијански, а никој во соблекувалната не можеше да го поднесе. На крајот на краиштата, тој издржа три месеци, а потоа продолжи да предизвикува катастрофи насекаде. Фала му на Бога што Пиоли дојде таа година.“

По Интер, Де Бур ги водеше Кристал Палас, Атланта Јунајтед, холандската репрезентација и Ал Џазира, но никаде не успеа долго да се задржи.

Фелипе Мело одигра вкупно 38 натпревари за Интер, постига еден гол. Во Серија А, тој играше и за Јувентус и Фиорентина.

Scroll to Top