Top Sport

Мемфис Депај потпиша за Атлетико Мадрид, а Барселона доби право на Караско за 15 милиони евра

Барселона и Атлетико Мадрид постигнаа договор за трансферот на Мемфис Депај, кој е официјализиран како ново засилување на мадридскиот клуб.

Холандскиот интернационалец потпиша договор до 2025 година, а Атлетико за него плати три милиони евра и дополнителни бонуси.

Но, тоа што се потенцира во зделката е правото што го доби каталонскиот клуб да го купи Јаник Караско за 15 милиони евра во летниот преоден рок.

Депај замина од „Камп Ноу“ после една и пол сезона. Тој дојде како слободен агент од Лион.

Scroll to Top