Top Sport

Менаџерите и посредниците добро заработиле од трансферот на Тирам

Менаџерите и посредниците во трансферот на Маркус Тирам од Борусија Менхенгладбах во Интер заработиле осум милиони евра.

Тирам (26) во летниот преоден рок пристигна во Интер без обештетување бидејќи му истече договорот со Борусија Менхенгладбах.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го објави билансот за оваа сезона и откри дека доаѓањето на Французинот на „Џузепе Меаца“ чинело околу осум милиони евра.

Раководството на Интер им ја плати оваа сума на менаџерите и посредниците на фудбалерот за да се реализира трансферот, бидејќи Тирам имаше понуди од Пари Сен Жермен и Милан.

Тирам оваа сезона одигра 12 натпревари и постигна четири гола во сите натпреварувања.

Интер објави дека од продажбата на Марсело Брозовиќ на Ал Наср инкасирал 17.500.000 милиони евра, а Манчестер јунајтед за Андреа Онана платил отштета од 50.200.000 евра.

Scroll to Top