Top Sport

Менаџерот на Челзи бурно го славеше голот против Ливерпул, доби суспензија

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, е суспендиран на еден натпревар и казнет со 8.000 фунти за недолично однесување во победата од 2:1 против Ливерпул.

Челзи го постигна победничкиот гол во петтата минута од судиското продолжение, по што Мареска истрча кон корнер знамето за да прослави со своите играчи. Тогаш го доби вториот жолт картон, поради што беше исклучен.

„Менаџерот се однесуваше на несоодветен начин, што доведе до негово исклучување во 96-тата минута. Енцо Мареска ја прифати стандардната казна“, се вели во соопштението на ФА.

Зборувајќи на спортскиот фестивал во Тренто, италијанскиот стручњак на чело на „Сините“ неодамна призна дека емоциите го совладале, додавајќи дека неговата прослава била „инстинктивна“.

Scroll to Top