Бразилскиот напаѓач Нејмар е во преговори со три клуба од МЛС, пренесува „EСПН“. Она што е познато во овој момент е дека еден од тие клубови не е Интер Мајами, чии дрес го носат поранешните соиграчи на Нејмар од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Покрај неименувани два клуба „ЕСПН“, открива дека претставниците на Нејмар разговараат за негова можна преселба во Чикаго Фајр.
Нејмар има големи проблеми со повреди откако дојде во Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија го донесе од Пари Сен Жермен во август 2023 година во трансфер вреден 90 милиони евра и му даде плата од 150 милиони евра.
Поради повреди, тој одигра само седум натпревари за клубот и постигна еден гол и три асистенции. Ал Хилал минатата сезона ја освои титулата во лигата, и без негова помош, бидејќи одигра само три натпревари.
Тој е под договор до крајот на летото, што значи дека има право да преговара со други клубови.
Нејмар играше за Сантос, Барселона и ПСЖ пред да дојде во Ал Хилал. Со шпанскиот клуб освои се што можеше со учинок од 105 гола и 76 асистенции на 186 одиграни натпревари. Успешен беше и во ПСЖ, но со нив не ја освои титулата во Лигата на шампионите. За ПСЖ одигра 173 натпревари, постигна 118 и запиша 77 асистенции.