Top Sport

Менаџерот на Њукасл ќе го наследи Саутгејт?

Герет Саутгејт пред почетокот на Европското првенство изјави дека ќе се повлече од селекторската функција доколку Англија не стане шампион на Стариот континент.

Гордиот Албион стигна до финалето но не успеа да ја освои титуата. Шпанија, во неделата, победи во финалето со 2:1. Прашање е дали Саутгејт ќе го одржи ветувањето.

Саутгејт има валиден договор со Фудбалската асоцијација (ФА), но и повеќе од јасно е дека по две загубени финалиња на европските првенства челниците на ФА ќе го сменат селекторот.

Не е спорно дека Саутгејт е успешен селектор. Тој ја водеше Англија до две европски финалиња и едно полуфинале на на светски првенство (Русија 2018).

И медиумите во Англија пишуваат дека името на човекот кој е главен фаворит за нов селектор е вистинско изненадување.

Станува збор за менаџерот на Њукасл, Еди Хау, а претходно со голем успех раководеше со Борнмут и сега би можел да ја добие својата работа од соништата.

„Англија е во навистина добра позиција во однос на искуството што го има сега и возраста на играчите. Овој тим ќе биде подготвен за наредното Светско првенство. Имаме на што да се надеваме, но тоа не е утеха за поразот од Шпанија“, изјави Саутгејт кој меѓу редови изјави дека сака да ја води репрезентацијата на претстојното Светско првенство.

Scroll to Top