Пол Погба, како слободен играч, по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Манчестер јунајтед. Погба, во јануари, може да преговара со заинтересираните клубови. Сепак не е исклучена можноста тој да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.
Доколку, Погба, реши да замине од „Олд Трафорд“, како прв фаворит за неговиот потпис се издвојува Реал Мадрид. Интерес за францускиот репрезентативец покажува и ПСЖ.
Реал има адут во ракавот, во трката за Погба со ПСЖ. Според неколку извори, менаџерот Мино Рајола сакал неговиот клиент да го облече дресот на „кралскиот клуб“.
За разлика од неколку врвни клубови, кои не го сакаат Рајола, Реал е во добри односи со овој контроверзен менаџер.