Барселона може да остане без Ансу Фати наредното лето. Најмоќниот менаџер во светот, кој ги застапува интересите на Фати, Жорге Мендеш, ги прекинал преговорите со Барселона.
Ансу Фати е под договор со Барселона со 30.јуни 2022 година. Долгорочно клубот смета на него, поради што ја наследи „десетката“ на Лионел Меси.
Сепак Мендеш, незадоволен од калузулата, решил да ги прекине преговорите.
Барселона сака во новиот договор Фати да стои иста откупна клаузула како во договорот на Педри, една милијарда евра.
Мендеш инсиситрал сумата да биде реална, во случај во иднина да се појави клуб кој ќе сака да го ангажира.