Top Sport

Менаџерот на Бејл: Не кометирам глупости

Менаџерот на фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл ги отфрлил наводите дека Тотенхем преговарале со шпанскиот клуб околу враќањето на неговиот клиент во Лондон.

„Марка“ денес објави дека Тотенхем планирале да понудат 50 милиони фунти за Бејл.

„Нема да коментирам секакви глупости“, изјавил за „Скај Спорт“ менаџерот Џонатан Барнет.

Бејл неодамна наполни 30 години, а моментално се наоѓа с Реал во Монтреал на подготовки. Изминатите денови шпанските медиуми шпекулираа дека Бејл е еден од фудбалерите што Реал ќе ги продаде во летниот преоден рок, со цел да собере пари за трансферот на Пол Погба.

Зинтересирани клубови за Бејл има, но ниту еден од нив не е подготвен да го плаќа 600.000 фунти неделно.

Минатиот месец Барнет на медиумите им изјавил дека тренерот Зинедин Зидан решил дека Велшанецот не му треба на Реал, но и дека е невозможно неговиот клиент да замине на позајмица.

Бејл кариерата ја започнал во Саутемптон, а фудбалското име го стекна во Тотенхем каде во периодот од 2007 до 2013 година одиграл 203 натпревари и постигнал 55 гола.

Scroll to Top