Top Sport

„Роџер игра најубав, а Новак најдобар тенис“

Хрватскиот тениски тренер Никола Пилиќ за „Индекс“ зборувал за Вимблдон и соработката со Новак Ѓоковиќ. Еден од најпознатите тренери во светот на тенисот вели дека е воодушевен од финалниот меч на најпрестижниот тениски турнир помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

„Величенствено…Зал мие што некој мораше да биде поразен. Ако некој меч требаше да има двајца победници тогаш тоа беше ова финале. Тие го играат најдобриот тенис во светот. Сум се изнагледал тениски мечеви, овај веројатно е најдобриот. Сепак имам замерки. Новак сервираше слабо, но беше фантастичен од основната линија. Чинам дека бекхендот на Федерер никогаш не бил толку добра. Прекрасен меч“, рекол Пилиќ.

Тој истакнал дека е многу тешко да се одреди кој е подобар играч.

„Навива за Новак, тој е мој играч, но Федерер многу го почитувам. Мислам дека во една таква дискусија тешко би било да се донесе некаков заклучок. Да го погледнеме Федерер. Човекот има 20 гренд-слем титули, најмогу недели бил број 1, најмногу финалиња, повеќе титули од конкурентите и сето тоа на 37 години. Тоа е неверојатно. Од друга страна кога Ѓоковиќ игра во шеста брзина тогаш е најдобриот во светот. Кога ќе го погледнете скоро на Ѓоковиќ против Надал и Федерер тој скор е позитивен што е импресивно. Доколку се израмни со Федерер според бројот на титулите тогаш можеме да зборуваме дека тој е најдобриот во историјата. Новак е пет години помлад и доколку биде здрав мислам дека може да го престигне Федерер“.

Пилиќ сепак вешто избегнал директно да одговори на прашњето кој е најдобриот.

„Новак е најдобар на бетон, Рафа на земја, Федерер може да игра каде сака. Тоа сите го знаат. Доколку инсистирате…Роџер игра најубав, а Новак најдобар тенис“, заклучил Пилиќ.

Scroll to Top