Top Sport

Менаџерот на Бејл: Во Мадрид треба да ја љубат земјата по која оди

Герет Бејл минатата недела замина од Реал, сезонава тој ќе игра во Тотенхем. Бејл во 2013 година беше најскапиот играч во светот кога Реал на Тотенхем им плати речиси 100.000.000 евра.

Бејл со Реал освои четири трофеи во Лигата на шампионите, два во Ла Лига. Најголем придонес имаше во освојувањето на последниот трофеј во Лигата на шампионите кога како резерва постигна два гола против Ливерпул за победа 3:1. Третиот гол беше вистински ремек дело кога со ножички го матираше Лорис Кариус.

Менаџерот на Бејл Џонатан Барнет е лут на Реал што неговиот клиент не бил испратен од клубот на начин на кој што заслужува.

„Го сакаа и поголеми клубови од Тотенхем, но него му беше најважно да биде среќен во новиот клуб. Неговата кариера во Реал е завршена. Во текот на целиот негов мандат имаше судири на личности, недостигк на почит кон него и многу други детали. Толку многу има направено за Реал, а не доби никаква поддршка. Во Мадрид треба да ја љубат земјата по која оди Бејл“, рекол Барнет.

Scroll to Top