Top Sport

Ракитиќ: Никогаш не бев пријател со Меси и Суарез

Хрватскиот фудбалски интернационалец, Иван Ракитиќ ова лето направи трансфер од Барселона во Севилја, а по заминувањето од „Ноу Камп“ имаше што да каже за сега веќе поранешните клупски колеги.

„Никогаш не сум бил близок пријател со Меси и Суарез, но и двајцата ги почитувам. Најмногу се дружев со Иниеста, Тер Штеген, Боатенг и Жуниор Фирпо“ – вели 32-годишниот Ракитиќ.

Искусниот плејмејкер неодамна соопшти и дека се простува од фудбалската селекција на Хрватска.

„Беше тоа најтешката одлука во досегашната кариера, но почувствував дека е време да се повлечам. Уживав во секој меч за репрезентацијата и имам незаборавни моменти на СП, резултатите таму ќе ми останат меѓу најубавите спомени“ рече тој.

Scroll to Top