„Супер-менаџерот“ Жорж Мендеш пристигнал во Неапол каде ќе се обиде да го договори трансферот на својот клиент Хамес Родригез во Наполи.
Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, не ја крије желбата да го ангажира Колумбиецот со кого соработуваше во Реал Мадрид.
Реал се обидуваат да го продадат Родригез за 50 милиони евра.
Парите се тие што го кочат трансферот, бидејќи првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис смета дека сумата што ја бараат од реал е превисока. Тој се обидувал да го донесе Колумбиецот на позајмица.
Токму поради тоа Мендеш пристигнал во Неалоп. Португалецот се обидува да најде решение кое ќе ги задоволи сите страни.
Наполи во преодниот рок ги донесе Костас Манолас од Рома и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од Фенербахче.
Is James on his way? ?
His agent is in Naples
To discuss a move for the Colombian to @en_sscnapoli
?https://t.co/f8Lygtx86H pic.twitter.com/EYKctQZnRT
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) July 25, 2019