Top Sport

Менаџерот на Лидс сака на Тухел да не му биде дозволено да биде на „Еланд роуд“

Менаџерот на Лидс јунајтед, Џеси Марш вели дека очекува неговиот ривал од Челси, Томас Тухел да не биде на стадионот „Еланд роуд“ на нивната неделна пресметка, откако Германецот доби црвен картон за бурната расправија со Антонио Конте по 2:2 ремито со Тотенхем.

Тухел и Конте се пред дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација (ФА), но уште не е донесена официјална одлука дали Тухел ќе добие дозвола да биде на клупата за мечот со Лидс.

„Тој нема да биде таму, нели? Велат дека може да биде на клупата? Тоа нема смисла. Ако добиеш црвен картон, те нема во следниот меч и навистина ќе биде разочарувачки ако му дозволaт. Тоа е едноставно правило во фубалот“, вели Марш.

Тој, сепак, вели дека ако Тухел биде суспендиран, тоа нема да биде предност за неговиот тим, бидејќи добро го познава неговиот помошник, Унгарецот Жолт Лов.

„Во теорија тоа би требало да биде предност, но го познавам Жолт Лов многу добро и сигурен сум дека ќе го игра истиот фудбал“, вели Марш.

Scroll to Top