Долгогодишниот менаџер и близок пријател на Диего Марадона, Стефано Чечи, вели дека фудбалската легенда била „уморна од животот“ и самиот „оставил“ да умре додека семејството околу него „се кубело“.
Марадона почина во средата на 60 години по бројни здравствени проблеми, но и зависности од алкохол и дроги кои му го загорчија животот и кариерата.
„Има истрага за смртта на Диего, и сега луѓето сакаат да покажуваат со прст на тоа што би можело да се направи, но не е така лесно. Диего беше секогаш сам, луѓето мислеа само на поимот марадона. Диего престана да биде Диего кога наполни 17 години. Беше тешко да се однесуваш кон него како личност, бидејќи беше кршлив, полн со несигурности, но и скромен и добронамерен. Останаа 20 години прекрасни сеќавања. Неодамна, се пушти… Физички и ментално. Мислам дека беше уморен и дека се остави да умре, бидејќи не сакаше да живее. Семејниот хаос кој го опкружуваше значеше дека никогаш немаше вистински мир. И сега кога е мртов, тие си ги кубат косите. Барем сега е со тие кои ги сакаше најмногу – неговиот татко и неговата мајка“, вели Чечи во интервју за „Радио кис кис“.