Top Sport

Менаџерот на шестолигашот Чорли се потсмеваше со Траоре, Вулверхемптон победи 0:1

Вулверхемптон се пласираа во осминафиналето на ФА купот, откако со 1:0 славеа на гостувањето кај шестолигашот Чорли, во меч кој беше одбележан со неверојатниот гол на Витиња на стартот на мечот, и со уште поневеројатната расправија на Адама Траоре со менаџерот на малиот клуб од градчето на 20-тина километри од Манчестер.

Витиња во 12. минута постигна гол од огромна далечина за водство на премиерлигашот, но најинтересниот момент на мечот беше кога менаџерот на Чорли, Џејми Вермиљо влезе во вербален дуел со ѕвездата на „волците“, Адама Траоре.

Scroll to Top