Фудбалскиот менаџер Силвано Мартина за италијанските медиуми раскажал како летово пропаднал трансферот на Един Џеко од Рома во Интер. Мартина во 2016 година посредувал на трансферот на Џеко во Рома, а во минатото работел со Немања Видиќ и Џанлуиџи Буфон.
„Интер навистина сакаа да го донесат Џеко, но ние моравме да чекаме до последниот ден од преодниот рок, што нему воопшто не му одговараше. Тој ќе беше среќен во Интер тука нема никаков сомнеж, бидејќи ќе играше во Лигата на шампионите и ќе водеше борба со Јувентус за Скудетото“, рекол Мартина.
Откако решил да не чека до последниот ден Џеко решил да потпише нов договор со Рома за годишна плата од 4,5 милиони евра. Новиот договор на Џеко важи до јуни 2022 година.