Top Sport

Зидан: Не се покајав што заминав од Реал

Францускиот голман, Лука Зидан, изјавил дека не се покајал поради одлуката да го напушти Реал Мадрид.

Синот на тренерот на Реал оваа сезона ќе ја мине на позајмица во екипата на Расинг Сантандер.

Лука Зидан ретко добиваше шанса да брани за Реал, што е разбирливо бидејќи конкуренти му беа Тибо Куртоа и Кејлор Навас.

„Резултатите не е онакви како што очекував, но факт е дека играме се подобро. Среќен сум што дојдв овој сјајен клуб, луѓето веднаш ме прифатија. Направив голема промена, но се чувствувам добро. Воопшто не жалам што го напуштив Реал, ова е важен чекор во мојата кариера“, рекол Зидан.

Лука Зидан сезонава настапил на девет натпревари за Расинг. Екипата од Сантандер се наоѓа во долниот дел од табелата во Сегунда.

Scroll to Top