Top Sport

Мендеш заработил богатство од летните трансфери

Супер-менаџерот Жорж Мендеш може да биде исклучително задоволен како го сработил предниот рок кој ќе заврши на 5 октомври.

„А Бола“ пишува дека досега во преодниот рок Мендеш заработил 20.000.000 евра.

Еден од највлијателните менаџери во светот на фудбалот најмногу заработил од трансферот на Рубен Дијаш во Манчестер сити, вкупно 6.800.000 евра, а исто така инкасирал 1.500.000 евра од доаѓањето на Николас Отаменди во Бенфика кој беше дел од трансферот на Дијаш во Сити.

Мендеш, од трансферот на Диого Жота од Вулверхемптон во Ливерпул заработил 4.400.000 евра, 400.000 помалку инкасирал од трансферот на талентираниот напаѓач Фабио Силва од Порто во Вулверхемптон.

Од трансферот на Нелсон Семедо од Барселона во Вулверхемптон добил 3.000.000 евра.

Scroll to Top