Top Sport

Сензација на РГ – Азаренка испадна од 161 тенисерка на ВТА листата

Викторија Азаренка доживеа тежок пораз во второто коло на Ролан Гарос. Поранешната финалистка на Гренд слем турнирот во Париз испадна од 161 на ВТА листата Ана Каролина Шмидлова.

Тенисерката од Словачка на Азаренка за 99 минути игра и препушти само четири гема, славеше со 6/2, 6/2.

Елиминацијата на Азаренка е рамна на сензација бидејќи таа на Ролан Гарос пристигна во одлична форма, го освои Синсинати и играше во финалето на Ју-Ес опен и мастерсот во Рим.

Шмидлова која одигра брилијантен меч во наредното коло ќе игра против Наѓа Подорска.

Аргентинката Подорска исто така направи изненадување, таа во второто коло беше подобра од Јулија Путинцева со 6/3, 1/6, 6/2.

Пласман во третото коло на турнирот изборија уште и Елина Свиотлина и Екатерина Александрова.

Scroll to Top