Top Sport

Менди го тужи Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, поднесе тужба против својот клуб поради неисплатени плати.

Тој се соочи со голем проблем, кој беше обвинет за сексуална злоупотреба. Тоа го оддалечи французинот од теренот долг временски период, поради што на крајот остана без клуб.

Кога му истече договорот на Менди со Сити, клубот немаше дилема и не му го продолжи договорот.

Затоа, Менди се упати кон Лориен, кадешто повторно се обидува да ја оживее кариерата.

Французинот беше ослободен и прогласен за невин за сексуалниот престап, но Сити не обрна премногу внимание на тоа, туку му остана должен.

Фудбалерот поради ова реши да реагира и почна тужба против поранешниот клуб.

Манчестер Сити за неговиот трансфер потроши 60 милиони евра.

Scroll to Top