Top Sport

Менди ќе отсуствува два месеци

Реал Мадрид два месеци ќе биде без Ферлан Менди (27). Претходно клубот објави дека левиот бек ќе отсуствува четири недели поради повреда на мускулот.

Менди пред пет дена беше принудно заменет во 39. минута од четвртфиналето на шпанскиот куп против Атлетико Мадрид (3:1) поради повреда на бутниот мускул на левата нога.

Тоа значи дека Карло Анчелоти нема да може да се потпре на него за голем број важни натпревари, како што се најмалку два против Барселона (еден во Купот на кралот и еден во Лигата), потоа осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул, и тие од Светското клупско првенство.

Менди во досегашниот дел од сезоната пропушти 14 натпревари за Реал Мадрид поради различни повреди на мускулите.

Scroll to Top