Top Sport

Менди обвинет за уште едно силување

Уште една жена го обвини фудбалерот на Манчестер сити, Бенжаман Менди за силување. Менди, сега е обвинет за осум силувања и еден сексуален напад.

Делото се случило во јули оваа година. Претходните обвиненија се однесуваат на периодот помеѓу октомври 2020 и август 2021 година.

Менди, пред еден месец со кауција излезе од притвор. Претходно, тој во притвор мина 134 дена.
Судењето на Менди ќе започне во јули и се очекува да трае околу 40 дена.

Веднаш откако беше обвинет, Манчестер сити го суспендираше 27-годишниот фудбалер.

Бенжаман Менди е играч на Манчестер сити од 2017 година. Клубот за неговиот трансфер од Монако плати 60.000.000 евра. Со „граѓаните“ три пати бил шампион на Англија, беше дел од француската репрезентација која стана светски првак во 2018 година.

Scroll to Top