Top Sport

Менди потпиша за Лориен само пет дена откако беше ослободен од обвиненијата

Поранешниот дефанзивец на Манчестер сити, Бенжамин Менди е нов играч на францускиот прволигаш Лориен, само пет дена откако беше ослободен од обвненијата за силување од англиските судови.

Договорот на 29-годишниот лев бек со Сити заврши ова лето, и тој сега потпиша двегодишен договор со францускиот клуб. Менди стана најбогат одбранбен играч на светот во 2017 година, кога „граѓаните“ платија 52 милиони фунти за неговиот трансфер од Монако.

Тој ја освои Премиерлигта во првата сезона со сити и беше дел од француската репрезентација која го освои Светското првенство во Русија во 2018, но беше уапсен во август 2021 година и помина пет месеци во притвор. По неговото ослободување повеќе фудбалери, вклучувајќи ги Мемфис Депај и Винисиус Жуниор му дадоа поддршка преку социјалните мрежи.

Scroll to Top