Top Sport

Менди повторно се повредил

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, се повредил против Севилја поради што ќе го пропушти утрешниот натпревар со Осасуна, а нема да биде во тимот ниту в сабота против Атлетико.

Реал летово платиле 48 милиони евра за левиот бек. Ова е негова втора повреда од доаѓањето во Мадрид. Досега има одиграно само два натпревари за Реал.

Повредата на Менди само му ги зголеми проблемите на Зинедин Зидан бидејќи и вториот лев бек, Марсело е повреден. Се очекува оваа позиција да ја покрие Начо.

Scroll to Top