Фудбалскиот клуб Манчестер сити на социјалните мрежи потврдил дека левиот бек Бенжамин Менди успешно го оперирал левото колено.
Менди, ги одигра сите 90 минути во неделата против Манчестер јунајтед, а потоа веднаш им се приклучил на подготвките на репрезентативните колеги.
Меѓутоа веднаш го напуштил тренинг кампот на Франција и се упатил кон Барселона, каде бил успешно опериран.
Менди, ја игра својата втора сезона во Манчестер сити, откако пропушти најголем дел од претходната сеозна поради операцијата на десното колено.
Левиот бек во Сити пристигна од Монако за речиси 60 милиони евра.
Клубот не соопшти колкава пауза го очекува францускиот репрезентативец, но според шпекулациите тој ќе паузира до почетокот на наредната година.