Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе реши дали Садио Мане ќе остане во клубот. Сенегалецот пристигна како големо засилување во Минхен, но неговата иднина во клубот е незивесна по тепачката со соиграчот Лирој Сане, по поразот од Манчестер сити (3:0), во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Билд“ пишува дека Сенегалецот нема да се врати во Ливерпул, доколку го напушти Баерн. „Билд“ на овој начин ги демантираше англиските медиуми, кои претходно објавија дека Мане ќе се врати на „Енфилд“.
За потсетување, Мане играше во дресот на Ливерпул од 2016 до 2022 година, а „црвените“ за него на Саутемптон му платија 41,2 милиони евра.
Досега има забележано 32 настапи во дресот на Баерн и постигна 11 гола и пет асистенции.
Тој има договор со Баерн до летото 2025 година.