Борусија Менхенгладбах со 4:2 го совлада Ајнтрахт Франкфурт во последниот меч од 9. коло од Бундеслигата за да се врати на првото место на табелата.
„Ждребињата“ претходно загубија во дербито со Борусија Дортмунд, што значеше дека победата на Баерн во саботата ги врати Баварците на првото место, но тимот на Марк Росе успеа да го добие Ајнтрахт во интересен меч за да продолжи со импресивниот старт на сезоната.
Турам донесе водство за домаќините во 28. минута, а пред крајот на полувремето беше 2:0 откако Вент даде гол во судското продолжение. Гостите се вратија во игра со голот на Да Коста во 59. минута, но Елведи во 75. минута врати два гола предност. Ајнтрахт повторно врати еден гол преку Хинтерегер, пред Закарија во 85. минута да стави точка на натпреварот.