Фудбалскиот клуб Милан и голманот Мајк Мењон постигнаа договор за продолжување на соработката.
Според италијанските медиуми, францускиот голман постигнал вербален договор со Милан и ќе потпише договор до 2028 година.
Во принцип ќе заработува пет милиони евра годишно и одредени бонуси. Се очекува Мењон во наредните недели и официјално да потпише нов договор.
Тој пристигна во Милан од Лил во летото 2021 година за 16 милиони евра.
Со овој потпис, Милан долгорочно ќе ја обезбеди голманската позиција, бидејќи претходниот договор на Манжон истекуваше летото 2026 година.