Голманот на Наполи, Алекс Мерет го продолжи договорот до 2024 година, соопшти денеска клубот од стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Неговиот договор истекуваше на крајот од оваа сезона, а според новиот договор Наполи ќе има опција да ја продолжи соработката на уште една година.
Мерет во кариерата настапуваше за Удинезе и Спал, 25. годишниот голман забележа и два настапи за италијанската репрезентација.
По осум кола Наполи е лидер во Серија А со 20 бодови, ист број на бодови има и второпласираната Аталанта.