Голманот Алекс Мерет го освои својот прв трофеј во кариерата, откако со Наполи триумфираше во Копа Италија против Јувентус, но во скромна изјава по големата победа вели дека Џиџи Буфон покажал уште еднаш дека е „број 1“.
Мечот заврши 0:0 по 90-те минути, најмногу благодарение на одбраните на Буфон, вклучувајќи ја таа во 93. минута по ударот на напиот Елиф Елмас, пред Наполи да победи со 4:2 на пенали.
„Ова е толку возбудливо, имаве долг пат до овој момент, покажавме дека знаеме како да играме со најголемите. Навистина сум горд што сум дел од овој тим. Но, Џиџи на 42 години уште е број 1, тоа го покажа вечерва со три-четири маестрални одбрани. Беше чест да се игра против некој кој уште е мој идол. Го носиме дома Купот и тоа беше целта“, вели Мерет.
Елмас и Наполи го „решија“ Јуве на пенали за титулата од Копа Италија (видео)