Top Sport

Мерки за штедење – Интер ќе прави „ремонт“ на тимот ова лето

Со потпросечни игри и резултати, посебно во Серија А под Симоне Инзаги, во Интер се подготвуваат за продажба на пола тим во текот на летото, тврди „Ла газета дело спорт“.

Нивната анализа вели дека кај „нераѕурите“ е неприфатливо што имаат дури 9 порази во 27 меча во Серија А оваа сезона, и тоа што осум од стартните 11 на мечот со Јувентус во неделата биле играчи со над 30 години. „Газета“ ги идентификува Марцело Брозовиќ, Дензел Дамфрис и Хоакин Кореа како играчи кои можат да достигнат повисока цена.

Од 11-те стартери против Јуве, на шест им завршуваат договорите на крајот на сезоната, но Интер се заинтересирани да ги заддржат само Стефан де Фрај и Един Џеко. Ситуацијата околу Ромелу Лукаку е веќе јасна – тој на крајот на сезоната ќе се врати во Челси, откако оваа сезона ги чинеше 20 милиони евра и не се верува дека Интер ќе сака уште едногодишна позајмица.

Scroll to Top