Top Sport

Буфон уште жали за поразот на ПСЖ од „децата“ од Манчестер јунајтед

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, открива дека уште не го преболил поразот во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2019 година од Манчестер јунајтед.

ПСЖ тогаш победија на „Олд Трафорд“, но во реваншот на „Паркот на принцовите“ загубија со 3:1 со гол на Маркус Рашфорд од пенал во финишот на мечот за вкупен триумф со правилото гол-на-гости. Буфон, кој тогаш беше дел од ПСЖ, покрај Килијан Мбапе, Нејмар, Анхел ди Марија, уште жали за пропуштената шанса.

„Сами го загубивме тој меч. Тие играа во Париз со деца. Да, тука беа Де Хеа, Лукаку и Рашфорд, но другите беа многу млади. Ментално направивме многу грешки. Тоа е можеби нешто за што најмногу се каам во животот. Бевме силни, имавме мега тим. Фудбалското ниво кое го видов во ПСЖ никогаш нема да го видам во животот. Се чувствувавме многу посилни од другите“, вели 45-годишниот Буфон.

Буфон, да потсетиме, уште игра активно фудбал, во второлигашот Парма и има договор до 2024 година.

Scroll to Top