Top Sport

Мерсисајд дербито ќе се игра на „Гудисон“

Дербито на Ливерпул, наречено Мерсисајд, помеѓу Евертон и Ливерпул доби дозвола да се одгра на „Гудисон парк“ стадионот. Натпреварот на програмата е на 21 јуни.

Лидерот во Премиер лигата Ливерпул на овој меч ќе има можност и математички да ја обезбеди титулата, која ќе биде прва по пауза од 30 години. Ова сценарио е можно само доколку Ливерпул го победи Евертон, а Манчестер сити загуби од Арсенал.

Многу дилеми имаше околу тоа дали градските власти на Ливерпул, поради коронавирусот, ќе им дозволат на Евертон и Ливерпул домашните натпревари да ги играат во градот.

Денес градот Ливерпул ја донесе одлуката дека двата клуба ќе бидат во можност безбедно да ги организираат натпреварите на кои ќе бидат домаќини.

До крајот на сезоната Ливерпул на „Енфилд“ ќе ги пречека Кристал Палас, Астон Вила и Челси.

Scroll to Top