Top Sport

Мерсон: Да водеше Сити 25 поени никому немаше да му биде грижа

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Пол Мерсон вели дека не гледа како Ливерпул може да ја добие титулата од Премиер лигата и покрај својата огромна предност пред прекинувањето на лигата.

Мерсон вели дека е несреќна ситуација што Ливерпул се наоѓаат толку блиску до трофејот, но посочува дека да се работело за Манчестер сити  и тие да имале предност од 25 поени „никој немало да се грижи“.

Ливерпул чекаат 30 години за прва титула во Англија, но корона вирусот и стопирањето на сите спортски активности значи неизвесност за завршување на лигата, а дел од клубовите бараат поништување на сезоната и на резултатите. Мерсон, кој освои две титули од ПЛ со Арсенал вели дека на девет кола пред крајот на сезоната, Ливерпул не може да ја добие титулата.

„Убаво е да се каже дека Ливерпул имаат 25 поени предност, но ако утре играм снукер со моите пријатели и ми требаат 25 поени за победа и тој ми каже дека нема поента да се продолжува, долго време ќе мислам дека ќе победев. Да, несреќно е тоа што чекаат 30 години за титула, но да се работеше за Манчестер сити и нивна предност од 25 поени, никој немаше да се грижи. Дури и да им ја дадат титулата, математички не ја освоиле. Не е исто“, вели Мерсон.

Scroll to Top