Поранешниот фудбалер на Арсенал, Пол Мерсон вели дека проблемите на Ливерпул оваа сезона доаѓаат од нападот, оценувајќи ја одлуката на Јирген Клоп да го продаде Садио Мане на Баерн Минхен како „најлош можен бизнис“.
Сенегалскиот напаѓач беше еден од клучните играчи на Клоп, со 120 гола во 269 натпревари за „црвените“, и според Мерсон бил клучен во „високиот пресинг“ каков што го игра Јирген Клоп, познатиот „гегенпресинг“ стил на игра.
„Кажав од првиот ден, според мене, продажбата на Садио Мане беше најлош можен бизинс во историјата. Тој човек даваше големи, големи голови. Први голови, израмнувачки голови, голови во последната минута… Го водеше тимот од нападот и навистина не сфатив зошто го продадоа? Дарвин Нуњез не е во иста лига како него во моментов. Проблемите во одбраната на Ливерпу почнуват во нападот. Не затвараат како што треба како тим и со него беше потребно само едно додавање за гол“, вели Мерсон.