Top Sport

Мертенс добил седум дена да ја соопшти одлуката

Дрис Мертенс е во дилема да остане или да го напушти Наполи. Белгиецот по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч и доколку реши да го напушти Неапол тоа значи дека ќе замине без обесштетување.

Мертенс има 33 години, а преговорите околу продолжувањето на неговиот договор завршија неуспешно кон крајот на минатата година, кога целиот тим по наредна на претседателот Аурелио Де Лаурентис одби да оди во каранти.

Долго време медиумите пишуваа дека Мертенс ќе замине од Наполи, медиумите најчесто го поврзуваа со Интер и Челси, меѓутоа изминатите денови се појавија информации дека тој размислувал да остане во Наполи.

Поради ова претседателот на клубот му поставил ултиматум, во наредните седум дена да ја соопшти одлуката дали ќе остане или ќе го напушти клубот.

Во случај да реши да остане Наполи ќе му понуди две годишен договор.

Scroll to Top